Home / Вести / Стартува Акцијата “ Избираме најуспешни битолчани “ за 2021 година

Стартува Акцијата “ Избираме најуспешни битолчани “ за 2021 година

               

        Со почетокот на Новата  2022 година, стартува  традиционалната 23 по ред  акција на Битолски весник

 “ Избираме најуспешни битолчани” за 2021 година.

        Само што заврши со организацијата на Манифестацијата за 2020 година,  која поради пандемијата и ограничувањата беше во неколку наврати одлагана и пролонгирана, Битолски весник веднаш по Новата година ги почна подготовките за организирање на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани “ за 2021 година, која доколку здравствените прилики  го дозволат тоа ќе се  организира во својот традиционален термин, последниот петок во февруари.

        Читателите на Битолски весник веќе од овој број, на гласачките купони  можат да гласаат и да ни ги испраќаат своите предлози за најуспешните битолчани во 2021 година.

        Ќе бидат избрани најуспешните битолчани во областа на политиката, стопанството,  бизнисот, образованието, културата, естрадата, спортот, невладините организации, новинарството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*