Home / Вести / Весниците поскапеа за 5 денари

Весниците поскапеа за 5 денари

Весниците од денеска се продаваат по нова повисока цена од 5 денари.

Причините за поскапувањето на Весниците се обрзаложени во Соопштението на АЗНПМ.

Известување до читателите од АЗНПМ

Сакаме да Ве известиме дека во последните неколку месеци од оваа година, се затворија неколку големи фабрики за производство на печатарска хартија меѓу кои ВИПАП од Кршко, Република Словенија, НОРСКЕ од Грац, Република Австрија, Остротęка-папер од Република Полска.

 Како последица  од затворањето на споменатите фабрики, настапи континуиран голем недостиг на хартија на европскиот  пазар како и драстицно зголемување на набавната цена на печатарската хартија и тоа повеќе од 40% .

Од таму, немајки друг избор, а следејќи ги берзанските цени на печатарска хартија во последните шест месеци (која е во постојан пораст), Асоцијацијата на Печатени Медиуми донесе едногласна одлука – производната цена на дневните весници да се усогласи со малопродажната цена на весниците, со тоа што продажната цена на весниците (Слободен Печат, Вечер, Коха, Нова Македонија и Лајм, Штипски Глас), од 3-ти јануари 2022 година –  наместо досегашните 15 денари ке изнесува  20 денари, весникот  Зенит од 10 на 15 денари, и Битолски весник од 20 на 25 денари.

Земајќи го во предвид нискиот стандард на нашето население, свесни  дека оваа одлука дополнително ќе го оптовари буџетот на нашите верни читатели, искрено се надеваме и бараме разбирање дека ова ценовно усогласување нема да ја намали Вашата определба за консумирање на  весниците, односно дека нема да има значително влијание врз нашата читателска публика и клиенти. 

                                                       Лирим Дулови

                                                                        Претседател на АЗНПМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*