Don't Miss
Home / Uncategorized / Стартуваше летниот филмски камп

Стартуваше летниот филмски камп

Синоќа во Битола, во организација на Кино-клубот „Милтон Манаки” почна летниот филмски камп „Летфик 2018”.

На летниот филмски камп, кој ќе се одвива во Битола и Крани Преспа, деветтодделенците и средношколците ќе имаат можност да научат некои нови методи, начини и техники за изработка на аматерски и анимиран филм.

– Ова е прв пат во ваква форма да се организира летен филмски камп. За време на кампот ќе се одржат вкупно 5 работилници, од кои две во Битола, каде што посетителите ќе имаат можност да бидат запознати со новите техники и методи на изработка кај аматерискиот филм, а една во Крани, која ќе биде на темата изработка на анимираан цртан филм – изјави Стефан Хаџи Антоновски, раководител на Кино-клубот „Милтон Манаки“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*