Don't Miss
Home / Uncategorized / Субвенции за руралниот туризам

Субвенции за руралниот туризам

Битола, особено потпелистерието има огромен потенцијал, за развој на рурален туризам. Нашите села сеуште имаат традиционален живот, автентична архитектура и гостопримливи домакини. Многу е направено за развивање на Битола како дестинација за алтернативен туризам, но секогаш може повеќе.

Јас како носител на листата на кандидати за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата,заедно со мојот тим ќе се залагаме за посилно субвенционирање на ваквите бизниси , унапредување на вештините на луѓето од овие краишта и се разбира промоција на нашата Општина за алтернативен туризам. На крајот нашата најсилна заложба ќе биде да за кусо време ги зголемиме можностите за користење на ИПАРД мерката за развој на рурален туризам , која овозможува финансирање на ваквите бизниси до 75% од вредноста на инвестицијата, рече на прес конференцијата носителот на Советнучката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “ За подобра Македонија “, Борче Димитровски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*