Don't Miss
Home / Култура / Свечено отворен “Битфест 2015“

Свечено отворен “Битфест 2015“

Со концертот на Битолскиот камерен оркестар во преполнетата сала на Народниот театар во Битола и настапот на белградската рок група “Партибрејкерс” во рамките на меѓународниот арт фестивал “Битола Отворен Град 2015” во Битола стартуваше јубилејното, десетто по ред издание на битолското културно лето „Битфест 2015”.

И покрај скромниот буџет, кој за разлика од другите години  ке биде издвоен оваа година, сепак во рамките на битолското културно лето до крајот на август ќе се одржат  над 180 културни настани.

Тоа значи дека љубителите на културата во  Битола, на повеќе  локации во градот   ова лето ќе имаат можност секој ден  да гледаат по најмалку 3 културни настани.

Програмата на „Битфест 2015” ќе биде шаренолика и ќе содржи разни културни содржини, од детски програми до концерти на сериозна и популарна музика, ликовни изложби, театарски претстави, промоции на книги,  и др.
Битолското културно лето им дава шанса на сите, без разлика на возраста и областа во која творат, со своите постигнувања  да се престават пред битолчани.  За време на оржувањето на фестивалот,  Битола е отворена летна сцена на која покрај битолчани и бројните туристи имаат можност во зависност од своите афинитети да уживаат во настапот на бројните уметници и да проследат бројни културни содржини, нагласува градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Инаку вистинска атракција за младите битолчани, синоќа  беше  целовечерниот концерт на белградската рок група “ Партибрејкерс “ која настапи на преполнетиот Широк Сокак, кој беше претесен да ги прими сите заинтересирани, кои сакаа во живо да ја следат оваа позната белградска  рок група.

Настапот на “ Партибрејкерс “ беше во рамките на најновото издание на фестивалот “ Битола отворен град” кој повеќе години со ред  го организира Младинскиот културен центар.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*