Иако изгледа неверјатно но за жал така. Судскиот процес “ Транспортер „ кој требаше да се одржи деноиве бил одложен затоа што сведок на Општината не стигна на судењето.
Па така судскиот процес бил одложен за 30 мај.
Ваквото одложување и те како ги наљутило дел од обвинетите кои се на крајот на нервите бидејки честите одлагања на судењето веке скапо ги чини за адвокатските и патните трошоци.
Некои од обвинетите поранешни директори на училишта, а сега обични наставници или професори дури се групираат и за да заштедат одат со исто возило, а и полномоштвата му ги дале на ист адвокат