Don't Miss
Home / Македонија / Светските медиуми за стравотната поплава во Скопје

Светските медиуми за стравотната поплава во Скопје

Поплавите во Македонија се најдоа на страниците на светските и на балканските медиуми.

IMG_20160807_182533

Тие објавија фотографии од состојбата во државата направени од македонските фотографи, пишувајќи за штетите и за жртвите. Со наслов „Бура во Македонија – најмалку 20 загинати во застрашувачките поплави“, Би-би-си ја смести како ударна вест информацијата за природната непогода во земјава.

Британскиот медиум пишува дека повеќето од жртвите загинале во нивните автомобили и дека нивните тела се пронајдени во 8.30 часот наутро.

Би-би-си ги цитира и зборовите на градоначалник на градот Скопје, Коце Трајановски, дека главниот град никогаш не доживеал ваква катастрофа.

Веста за стравотната состојба во Скопје ја пренесоа и „Вашингтон пост“ и „Ју ес еј тудеј“ нагласувајќи за жртвите и исчезнатите лица.

За силното невреме известија и сите балкански медиуми, објаснувајќи дека подвозниците се поплавени и непроодни, улиците се во вода, а дел од подрумите и куќите се наполнети со вода.

Српската национална телевизија детално ги пренесува информациите од Скопје, посочувајќи дека Стајковци, Арачиново и Ченто се најпогодените делови во градот.

Во коментарите на српските граѓани напишани на социјалните медиуми се вели дека Србија им дава сестрана поддршка на Македонците, како и материјална и емотивна.

Тие во исто време ја повикуваат Србија да ѝ помогне на Македонија, исто како што таа му помогна на северниот сосед во стравотната состојба во која се наоѓале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*