Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески болен, судењето повторно одложено

Талески болен, судењето повторно одложено

Судскиот процес “ Транспортер“ денеска не се одржа.

Поради отсуство на првобвинетиот Владимир Талески, судењето е повторно одложено.

Иако судијката Добрила Кацарска му се закани со притвор, сепак судењето не се одржа и поради отсуство на Талески судскиот процес, на кој треба да бидат дадени завршните зборови е одложен за петок, 6 март.

Имено според информации на Битолски весник, Талески имал здравствени проблеми и бил хоспитализиран во Клиничката болница.

Судијката Кацарска го предупредила адвокатот на Талески петок да се јави на судењето.

Инаку судскиот процес “ Транспортер“ се ближи кон својот крај.

Во тек се сега завршните зборови на Обвинтелството на СЈО и одбраната.

Со оглед на тоа што во наредниот период се закажани неколку рочишта, се очекува кон крајот на месецот судењето да заврши и да биде објавена пресудата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*