Home / Uncategorized / Воинот на коњ ќе се вика Александар, како дел од Хеленскиот антички период

Воинот на коњ ќе се вика Александар, како дел од Хеленскиот антички период

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

– „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е – Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Според него, овој споменик нема да се урива туку тој ќе остане како симбол на пријателство помеѓу Република Македонија и Република Грција.

– Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигрно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се, рече Бошњаковски.

Посочувањето на хеленската култура, како историско и цивилизациско наследство на светот, на споменици од „Скопје 2014“ е предвидено со договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот со името.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*