Сеуште актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески го отпиша и фестивалот “Браќа Манаки“.
Тој откако го бојкотираше свеченото отворање на годинашното 38 издание на фестивалот и не присуствуваше на истото, денеска го пропушти и давањето почит на гробот на Манаки.
Иако како и секоја година кога се одржува фестивалот “Браќа Манаки “ Талески присуствуваше на полагањето цвекиња на неговиот гроб во Влашките гробишта, денеска тој не присуствуваше и го пропушти тој настан.
Со тоа уште еднаш Талески покажа и докажа дека за него во Битола ништо не е свето.
Кога е во прашање Талески тој едноставно ги пречкрта сите настани и институции кои порано беа бренд на Битола и кога тој милуваше да се слика по цел ден на разни свечености, промоции, сега кога против него се водат судски и истражни постапки, тој едноставно не чуствува потреба никаде да се појавува.
Него го нема буквално никаде. Единствено е редовен кога треба да ја подигни градоначалничката плата, која секогаш ја подигнува на време.