Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески и натаму го бојкотира Советот

Талески и натаму го бојкотира Советот

Дури ни по повеќе од 2 години, откако последен пат присуствуваше на седница на Советот, градоначалникот на Битола Владимир Талески не се појави и на денешната седница на Советот на која главна точка на дневен ред беа завршните сметки на основните и средните училишта.

Наместо Талески да ги слушни дискусиите на советниците за состојбите во училиштата, мораа да црвенеат советниците на владеачкото мнозинство во  Советот, кои  ги слушаа острите критики на советниците на СДСМ за загрижувачките состојби во сите основнии средни училишта, кои се во кататсрофална состојба.

Инаку на денешната седница советничката Габриела Илиевска повторно побара да се формира посебна комисија од Советот, која треба да го испита  целокупното работење на градоначалникот на Битола, Владимир Талески за неговото работење од 2005 до 2017 година, кој предлог беше одбиен.

Советниците на опозицијата одбија да распрваат за предлогот на Талески за продажба на мнозинскиот пакет акции на РК Пелистер бидјеки во продажбата на Пелистер се вклучени  само Талески и неговата десна рака Слободан Бончановски, кои се обвинети за цриминал во предметот “ Транспортер”  и според советикот Менде Илиевски   тие немаат никаков  кредибилитет да ги продаваат акциите на клубот.

Градоначалникот  на Битола Владимир Талески над 2 години не доаѓа на седници на Советот зашто според неофицијални информации тој им е лут не само на советниците на опозицијата, туку и на својата партија, кои го одбија неговиот предлог за изгласување одлука за јавно приватно партнерство за јавното осветлување во градот, за која одлука комисијата за комунални дејности, на чие чело е претседател од владеачкото мнозинство во два наврати одбиваше да даде виза за јавно приватно партнерство во јавното градско осветлување, кој тенедер Талески го објави додека беше во куќен притвор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*