Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески се расфрлал со пари за “Битфест“

Талески се расфрлал со пари за “Битфест“

Сега веќе екс градонацалникот на Битола Владимир Талески, кој во изминатите години со својот потпис потрошил над  250 милиони евра и во моментот кога општината Битола  се среќавала со голема беспарица за сервисрање на оснвните обврски се расфрлал со пари за културното лето Битфест, кое пред тоа поради наводно штедење го укина.

Според неофицијални информации на порталот на Битолски весник Талески за годинашниот фестивал на Битфест потрошил ни помалку туку над 250.000 евра.

Тоа е велат упатените навистина доста помалку во однос на изминатите години кога Талекси за Битфест трошел и до 500.000 евра.

Тоа што посебно паѓа в очи  е што Талески на годинашниот фестивал за измислени проекти и програми дебело ги офајдил некои свои поддржувачи и  пријатели, кои биле платени со десетици илјади евра.

Инаку колку пари ја чинела Битола Бифест јавноста ќе знае наскоро, кога ќе заврши ревизијата. но тоа што се шпекулиура во добро информирани кругови Талески преку Битфест трошел огромни пари и главно средствата биле давани за проекти и музичко културни настани  кои ги организирале негови лични пријатели и поддржувачи.

И покрај сите настојувања на новинарите во зиминатите години Талески да излези во јавност со целосна информација колку општината ги плаќала културно забавните манифестации тој никогаш не кажа ни колку пари трошел за Битфест, ниту за органзиарањето на Нова Година, ниту пак за другите културни манифестации, печатење водичи, ДВД, проектот Филмски град.

Сега, кога Талески е веќе минато, јавноста очекува да ја добие вистинска слика за неговите расфрлања со народни пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*