Don't Miss
Home / Uncategorized / Талевски најави трка за четврт мандат

Талевски најави трка за четврт мандат

Во ВМРО ДПМНЕ во Битола врие, откако деновиве актуелниот градоначалник Владимир Талески најавил трка за четврт мандат.

И покрај критиките што Талески ги добил наводно на неодамнешната средба со лидерот на партијата Никола Груевски, Владимир Талески деновиве најавил дека  донел одлука за да се влезе во трката за четврт мандат.

Неговата кандидатура  била со цел за да ги дозаврши проектите кои ги почнал  и поддршката која сеуште наводно ја имал од лидерот Никола Груевски.

Ваквата најава на Талевски дека ке се кандидира за четврт мандат предизвикало бура во партијата. Во ВМРО ДПМНЕ најголемиот број од членовите велат дека доколку Талесвки се кандидира за четврт мандат и зад неговата кандидатура застане Никола Груевски тие ќе ги бојкототираат локалните избори и нема да излезат на гласање.

– На претходните избори најголемиот број од членството беа против тоа Талевски да биде кандидат за градоначалник. Но Груевски с еопредели за него и ние немавме каде. Сега отворено велиме дека доколку Талевски е кандидат и Груевски застана зад него, тогаш неке им се среќа и тие двајцата нека си трчаат на изборите.

Талевски цели 4 години ја држи партијата како заложник. Тој не комуницира со никој, освем само со неговата десна рака Слободан Бончановски и некои сомнителни типови. Него веќе никој не го сака во ВМРО ДПМНЕ и ние треба час поскоро да се дистанцираме од него бидјеки ни носи несогледиви штети, велат од ВМРО ДПМНЕ, кои не кријат дека Талевски одамна ја изгубил довербата од нив.

Во СДСМ пак велат дека тие со воодушевивање ја прифатиле најавената кандидатура на Талевски за четврт мандат бидејки во тој случај тие уште до сега можат да слават и да се прогласат за победници на изборите во трката за градоначалник на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*