Секторот за внатрешни работи Битола, во месец август 2017 година поднесе две кривични пријави против четири лица, поради постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и тоа:
– Кривична пријава против М.Л.(73), О.Л.(47) и Ј.Т.(26) од Битола, затоа што првопријавениот , заедно со второпријавениот , кој е негов син, на точно неутврден датум во 2014/2015 година , за сума од 15 000 денари неовластено му продале две ловни пушки („Црвена застава кал.12/70 мм”и „ИЖ -18) , на третопријавениот. Пушките се одземени од пријавените, а при претрес во домот на првопријавениот пронајдени се и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и 73 парчиња муниција кал.7,62 мм и 7 парчиња муниција 7,65 мм за кои истиот не поседува одобрение за набавка.
– Кривична пријава против М.Ч (52) од Битола , затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, била пронајдена и одземена една ловна пушка ТЕЦНИ-МЕЦ МАРЦХЕНОВ кал 12 мм, која истиот ја поседувал без соодветна документација.