Меѓу 37-ти фирми кои биле амнестирани од присилна наплата на долговите во Управата за јавни приходи можно е да се наоѓаат и телевизии блиски до претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Од УЈП на вчерашната прес конференција одбија да ги именуваат фирмите и претпријатијата поради даночна тајна. Но потврдија дека се наоѓаат на листата на должници што редовно ја објавува Управата.
Според листата на срамот на Управата за јавни приходи, три телевизии се наоѓаат меѓу должниците за неплатени даноци: јавниот сервис, Алфа и ТВ Нова. Меѓу нив најмногу должи Македонската радио телевизија која има неплатени обврски од 1,7 милиони евра. Алфа ТВ, пак должи 98.000 евра за ДДВ. Телевизија Нова, во сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен од СЈО, пак на државата и должи 19.000 евра за неплатен данок на додадена вредност и неплатен данок на добивка.
На листата на должници се и државни претпријатија, општини и установи од областа на културата.
Во скандалот што го објави Управата се вмешани двајца поранешни вработени кои не ги внеле фирмите во системот за опомени. На овој начин биле поштедени од присилна наплата на долговите кон државата, долгови кои сега надминуваат милиони денари. Станува збор за приватни, но и државни компании, сите од Скопје. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, изјави дека е отворена дисциплинска постапка против вработените, а дека мерки ќе бидат преземени и против компаниит