Home / Колумни / Тешкото

Тешкото

Иако “Тешкото” е едно од “најтешките” македонски  ора, сепак нема  жител на овие простори  кој не знае да го игра “Тешкото”.

Ова оро  е оро која ја прикажува целата мачна и тешка историја на макеоднскиот народ.

Во ова оро каде играорците повеќе седат в место и многу полека и бавно ги прават чекорите напред е вткаена целата симболика на животот на овој напатен македонски народ.

Не знам зошто, но кога неделава седнав да ја пишувам ова аколумна најдов многу сличности на македонското оро “ Тешкото “ со актуеланат состојба на државата, која повторно е исправена пред однесување на тешка и судбинска одлука.

Иако премиерот Заев се труди, кога станува збор за нашите евроинтеграции да се движи брзо во решавањето на проблемите пред кои не смао тој сега туку и сите негови претходници беа исправени во изминатите речиси 25 години од наметнатиот ирационален проблем со името.

Но кога станува збор за играње на “ Тешкотото”        таму без разлика кој е кореограф потезите се детерминирани и познати.

Тоа што е одлика на ова оро без разлика кој го игра го игра или се труди да игра на ист начин и да прави исти чекори.

Главно се тоа три чекори напред еден назад.

Но кога станува збор за политиката и политичките “кореографи “ таму никогаш ништо не се знае.

Таму потезите ги влечат луѓе, кои ниту ги знаат чекорите, ниту пак потезите.

Таму се игра без правила за играње.

Иако Заев сите изминати 12 месеци откако е на власт се труди да игра што може побрзо за да го фати чекоот за влез во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите, сепак тие со кои тој сега го игра орото, постојано едни го влечат напред, а  други го тргаат назад.

Наспроти чекорите во “ Тешкото “ кога станува збор за играњето оро со грчките соседи, тие настојуваат или Заев како “ороводец “ постојано да седи на една нога пред тапаните и зурлите, или пак наместо да направи три чекори напред, а еден назад, тие тргајќи го,го  принудуваат да прави еден чекор напред, а три назад.

Токму во моментот кога Заев во Софија го доигра “орото “ со Ципрас и кога се усогласија Македонија да се преименува во “Република Илинденска Македонија “ од Грција стигна абер дека Грците не го прифаќале и тоа компромисно име.

Сега кога и Заев и Ципрас се најдоа во цајтнот што би рекле шахистите тие се обидуваат тоа што не го направиле сите досегашни преговарчаи во директните преговори во изминатите 25 години да го направат со еден телефонски повик.

Мислам дека треба да се биде наивен дека проблемот за спорот со името ќе се реши преку телефон.

Но тоа е тоа.

Во настојувањтео да се стави крај на овој ирационален проблем, кој го измисли Грција, а чиј потег има целосна поддршка од меѓународната заедница, Заев, кој покажува не само желба за решавање на спорот туку и огромна храброст, настојува што побрзо да се реши овој проблем за да можат конечно да се откочат пречките за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

На случајот со решавањето на проблемот со името меѓународната заедница падна на испитотот.

Криејки се зад правилото сите поблеми во ЕУ и НАТО да се решаваат по пат на консензус, меѓунродната заедница цели 25 години ја притиска Република Македонија да го смени името за  да се избори за членство во нејзиното семејство.

Таквото правило на консензуално одлучување во најмала рака  е смешно ако се знае дека токму Западот беше тој кој на овие простори наметна дури и војна за да ја внесат демократијата во државата и парламенетарниот  начин на  одлучување во кој одлуките се носат со мнозинство на гласови.

ЕУ која цело време го критикуваше едноумието на овие простори, сега откако Македонија и сите земји од Балканот станаа  држави сп арламетнарна демократија се обидува да ги научи да ги почитуваат едноумните консезнуални одлуки на ЕУ.

Кога станува збор за (не)решавањето на спорот со името на Република Македонија доколку се случи Македонија да го смени името во Северна, Горна, или Јужна Македонија, актуелното раководство тогаш ќе треба да ги моли сите земји кои ја имаат признато Македонија под Уставното име да ги сменат своите одлуки и наместо Република Македонија да не викаат под некое друго име, кое во моментот никој, па ни Заев или Ципрас не занат како ќе се вика.

И наместо овој проблем околу името да ги обедини сите македонски политички партии и да ги сплоти околу донесувањето на историската одлука, македонските политичари токму на овој проблем повторно се поделија и делат и изигрувајки патриоти собираат политички поени.

Иако Заев се обидуав на секој начин во решавањето на спорот да ја вклучи опозицијата и претседателот на државата Ѓорге Иванов сепак засега тоа не му успева, а како што стојат работите нема ни да му успее.

Во таква ситуација како и Грчките кореографи кои се вклучени во играњето оро со Заев, така и нашите македонски политичари настојуваат да го држат Заев за рака, но притоа наместо да чекори напред да го враќаат назад, како што во сите изминати 25 години го правеа сега веќе поранешните преговарчи, кои цело време наместо да преговараат за решавање на спорот работеа  тој да не се реши и тие играјки на картата на патриотизмот да владеат со децении.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*