Компанијата „Тинекс“ денеска донира пакети со 24.000 литри вода за граѓаните погодени со поплавите по вчерашното невреме во Скопско.
Донацијата е доставена во основното училиште „25 Maj“ во селото Сингелиќ а од таму водата ќе биде пренесена во кризниот штаб во селото Стајковци од каде ќе биде адекватно распределена на сите жители од околните подрачја на кои им е неопходна во овие тешки моменти.