.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Традиционален концерт на КУД Илинден

Традиционален концерт на КУД Илинден

Културно-уметничкото друштво Илинден од Битола  го одржа својот традиционален концерт со кој одбележа 59 години од  постоењето.
Публиката имаше можност да го погледне најдоброто од членовите на овој ансамбл кој за првпат на сцената изведе две нови авторски постановки, едната со песни и игри од демирхисарскиот крај, а втората е од Битола, од Јенимале „Селски Велигден“.
Постановската е оригинална од игрите и песните што традиционално се изведувале на сред село Јенимале , и е авторско дело на кореографот Валентин Соклевски.
Во традиционалниот концерт, беа вклучени над 300 членови кои ја воодушевија публиката со програма која и по квалитет и по се останато се разликува од другите културно-уметнички  друштва во државата.
Во 59 годишното постоење на КУД Илинден во друштвото продефилирале над 20 000 членови со бројни настапи кои во просек на годишно ниво се педесеттина.
КУД Илинден во своето долгогодишно постоење несебично го негува македонскиот фолклор и достојно ја претставува нашата лултура и традиција не само на нашите простори туку и надвор од границите на Македонија  во светот.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*