Home / Градска хроника / Семпер во акција “16 денови активизам против насилството врз жената”

Семпер во акција “16 денови активизам против насилството врз жената”

По повод одбележувањето „16 денови активизам против насилството врз жената”, Здружението за еднакви можности Семпер од Битола реализира повеќе активности.

Со отпочнување на кампањата минтиот месец, пред плоштадот „Магнолија” дистибуираше информативен материјал на тема семејно насилство за пошироката јавност на Битола.

Исто така,  Семпер како членка на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство со поддршка на Американската амбасада овој месец со ученици од СОУ „Таки Даскало” реализираше дебата на тема насилство врз жените на која посебен акцент се стави и на тинејџерските насилни врски.

Дебатата побуди интерес кај младата популација, бидејќи и тие се свесни за присутноста на проблемот и сметаат дека со повеќе вакви и слични активности би можело да се подигни свесноста меѓу младите за навремено идентификување на проблемот и пријавување на истото до надлежните институции.

На дебатата активно учество зеде и училишниот психолог Марија Младеновска- Димитровска.

Здружението подолги години наназад го идентификува проблемот на семејното насилство како приоритет и во нашата општина Битола за што во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола и оваа година реализира и неколку месечен проект насловен како „Тишината не носи промена”.
Активностите се реализираа преку интерактивни работилници во основните училишта во Битола, Бистрица и Кукуречани на тема родово базирано насилство.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*