Универзитетските професори Трајко Славески, Бранислав Саркањац, Никола Србов, Самоил Малчески, Сашо Стефановски ќе бидат дел од Советот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој новиот партиски лидер Христијан Мицковски го најави како новитет во функционирањето и организирањето на партијата, информираат за Фокус високи партиски извори.
Инаку, Мицковски ќе формира и тело што треба да го советува него како претседател на партијата, кој ќе биде составен од професори на странски универзитети, со кои тој изградил контакти додека бил професор на скопскиот машински факултет.
Предвидено е овој совет главно да комуницира онлајн, но одвреме-навреме ќе се состанува и во Скопје.