Don't Miss
Home / Uncategorized / Трибина на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ за превенција од заразна жолтица

Трибина на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ за превенција од заразна жолтица

Унијата на жени на ВМРО -ДПМНЕ Битола, во рамките на своите редовни активности, одржа трибина на тема превенција од вирусен хепатититс А – заразна жолтица, актуелна тема во изминатиов период.

Пред присутните за жолтицата зборуваше примариус д-р Лилјана Милевска, а нејзиното излагање ги опфати сите клучни податоци за ова вирусно заболување – начините на зараза, лекување и најмногу превенцијата. Целта е преку овие трибини од страна на компетентни лица, да биде подигната свеста кај јавноста и да бидат преземени сите мерки на превенција.

inija zeni 1

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Битола, д-р Анита Ангелевска изјави дека во годишната програма за работа посебен акцент ќе биде ставен на трибини и работилници посветени на теми кои се однесуваат на здравствената едукација на жените, со посебен акцент на жените во руралните средини, во насока на унапредување на здравјето на жената, но и соодветна здравствена грижа – обезбедување здравствена едукација и од областите кои се однесуваат на здравјето на целото семејство.

Исто така, д-р Анита Ангелевска најави дека во периодот што претстои активностите ќе бидат фокусирани и врз обуки, кои кај членките на Унијата ќе ги подигнат знаењата и вештините, во насока на зголемување на капацитетите на постојната структура.

inija zeni 5

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*