Home / Култура / Филмот “До балчак“ македонски кандидат за Оскар

Филмот “До балчак“ македонски кандидат за Оскар

Филмот „До балчак” на режисерот Столе Попов е единствениот македонски кандидат за престижната награда Оскар. Комисијата во состав на Роберт Насков (продуцент) претседател на Комисијата, Димитар Попов (директор на фотографија), Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф) и Горан Игњатовски (дизајнер на шминка/маска) одлучија филмот да ја претставува Македонија во конкуренцијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје.  Филмот е во режија на Столе Попов, а сценариото го напиша Горан Стефановски. Снимањето на филмот започна во мај 2012 година, а филмот е сниман на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони ги обезбеди Владата, а 500 илјади евра обезбеди Филмскиот фонд.  Премиерно беше прикажан на 14-ти септември во рамки на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” во Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*