Home / Култура / Со филмот “Деца на сонцето“ и наградата за Манчевски свечено ќе биде затворен “Браќа Манаки“

Со филмот “Деца на сонцето“ и наградата за Манчевски свечено ќе биде затворен “Браќа Манаки“

Со премиера на новиот македонски филм “Деца на сонцето” на Антонио Митриќески, вечерва ќе биде спуштена завесата на 35. интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” во Битола.
Филмот е по сценарио на Гордан Михиќ, композитор е Влатко Стефановски, а монтажер Андрија Зафрановиќ. Кинематографер е Чехот Јарослав Шода, а играат Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Ивана Павлаковиќ, Билјана Таневски, Емир Хаџихафизбеговиќ.

pres film 2

На церемонијата на затворањето ќе му биде врачена и Големата ѕвезда на македонскиот филм на режисерот Милчо Манчевски, награда од Друштвото на филмските професионалци. Годинава е 20-годишнината од најуспешниот македонски филм “Пред дождот”, па во таа чест на “Манаки” се собрани и Лабина Митевска, една од главните глумици во филмот, и филмската легенда Раде Шербеџија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*