Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Битола, одржа дебата на тема, Малолетничка деливенција, која претставува сериозен, актуелен и специфичен проблем, со кој се соочуваат сите современи општества. На дебатата учествуваа: Милка Бизевска – судија во Основен суд Битола, Даниела Стерјова, социјален работник од ЈУМ ЦСР, Елена Дуковска – Димовска, педагог од ЈУМ ЦСР и Фани Димитровска – Асим, модератор и психолог – терапевт.
Учесничките на дебатата пред присутните ги истакнаа најзначајните податоци и сознанија, поврзни со темата, секоја од својот стручен аспект. Посебно се задржаа на состојбата во Битолскиот регион, а статистичките податоци покажуваат дека во текот на ова година е забележано намалување на малолетничката деликвенција во овој регион. На дебата беше нагласено значењето на превенцијата и едукација, користењето на алтернативни мерки и преземањето на мерки за намалувањето на рецидивизмот т.е. повторување на престапништвото.
-Унијата на жени во периодот што претстои ќе реализира активности (трибини, тркалезни маси, дебати) посветени на теми кои се однесуваат и на областа на образованието, неговата важност за унапредување на положбата на жената во општеството, подобрување на нејзиниот квалитет на живот, нејзино проактивно учество во политиката, ќе се посвети, исто така, на прашањата од родовата еднаквост: Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Битола во својата програма за работа вклучува и активности за зголемување на капацитетите на структурата на Унијата на жени преку обуки, конференции, семинари, трибини, работилници, тренинзи – изјави претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Битола, д-р Анита Ангелевска.
Б.В.
Б.В.