Don't Miss
Home / Македонија / Центарот за развој на пелагонискиот регион ја претстави програмата за развој на регионот во периодот 2015-2019 година

Центарот за развој на пелагонискиот регион ја претстави програмата за развој на регионот во периодот 2015-2019 година

Центарот за развој на пелагонискиот регион Битола, деновиве ја претстави пред јавноста програмата за развој на регионот во периодот 2015-2019 година. На јавната презентација во конференциската сала на хотел “Милениум“  Битола учествува заменик- министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, градоначалникот на Битола, Владимир Талески и многубројни претставници на јавниот, бизнис и граѓанскиот сектор од пелагонискиот регион.

pelagoniski region

-Во документот се вклучени повеќе стратешки области претставени низ соодветни мерки и цели, и претставува прецизна водилка во секојдневното работење на Центарот за развој на пелагонискиот регион. Документот е интегриран, а во неговата креација учествуваа повеќе сектори со што се обезбеди генерален документ кој ги детерминира сите проекти и активности, истакна Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Според заменик- министерот за локална самоуправа, со новиот пакет проекти уште повеќе ќе се развијат активностите што овозможуваат подобар ивот на граѓаните.

pelagoniski region3
-Во документот има проекти од областа на културата и културното наследство, земјоделството, а со оглед дека овој регион граничи со Република Грција, во документот има и проекти за погранична соработка. Наскоро ќе биде отворена и новата Зоолошка Градина во Битола, инвестиција еден милион евра, нагласи заменик- министерот во министерството за локална самоуправа, Пренџов.

Општина Битола континуирано ја поддржува програмата за развој на регионот и го поддржува регионалниот развој на помалите општини, посочи градоначалникот Владимир Талески.

– Во документот се опфатени сите сегменти значајни за развој на регионот. Контактите со претставници од сферата на стопанството, земјоделството, туризмот, културата, здравството и други области ни овозможија да направиме една единствена програма која очекуваме да биде прифатена од Националниот совет на регионите во Македонија. Нашите искуства се одлични и затоа како поголеми општини даваме предност на помалите општини за подобар и рамномерен развој во регионот, така ќе биде и овој пат каде ќе дадеме поддршка на проектите кои се знаајни за помалите општини во овој регион, истакна градоначалникот Талески.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*