Don't Miss
Home / Спорт / “Цермат“ сопственик на ФК Пелистер

“Цермат“ сопственик на ФК Пелистер

Денеска, на прес-конференција во ресторанот “Белведере“ беше официјализиран договорот кој беше потпишан пред девет дена помеѓу Општина Битола и новиот доминантен сопственик на ФК Пелистер, битолската компанија „Цермат”.
Според договорот „Цермат” во ФК Пелистер има 75 проценти од акциите. Останатите 25 припаѓаат на општина Битола, но за првите четири години. Во последните две години од договорот Пелистер ќе биде во целосна сопственост на „Цермат”.
-Не очекувајте дека утре се ќе решиме, ќе се потрудиме постепено само со работа да постигнеме високи резултати. Младите се крвотокот и ние големо внимание ќе посветиме на младинската школа, изјави сопственикот на „Цермат” Зоран Ристевски и додаде дека соработката со навивачката група Чкембари ќе ја градат и на заеднички средби.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*