Home / Uncategorized / Амбасадорот на Словенија во посета на Битола

Амбасадорот на Словенија во посета на Битола

Денеска во Битола се одржува бизнис средба на стопанственици од Македонија и Словенија.

Предмалку, амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец оствари средба со градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.
-Во Битола се одржува промоцијата на словенечката економија за тековната 2014 година. Организираната бизнис средба на словенечките и македонски бизнисмени, е во насока на продлабочување на економската соработка. Македонија и Словенија се пријателски држави и оттука оработката не само на економски план, туку и во културната сфера и во другите полиња се од заеднички интерес- изјави по средбата, амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец.

 

slovenci 5

 

Градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески го изрази задоволството од средбата со амбасадорот на Словенија.
– Средбата меѓу стопанствениците од стопанските комори од двете земји, е одлична можност бизнисмените да разменат искуства и меѓусебни контакти. Разговаравме на повеќе теми, перспективно за идни можности кои идниот период заеднички ќе ги разгледуваме. Во нашиот разговор ја допревме темата со Националниот парк Пелистер, со претставници кои имаат повеќе искуства во изградба на капацитети, туристички центри, да ги исконтактираме, да дојдат да се информираат. Ќе се развива динамиката и со збратимениот град Крањ, по изборите тамошни и новиот градоначалник ќе ги интензивираме контактите со збратимениот град од Словенија. Покрај културната соработка, да најдиме начини за стопанска соработка која ќе биде во наш интерес- посочи првиот човек на Битола, градоначалникот д-р Владимир Талески.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*