.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Цивил ги додели наградите за фотографии и видео стории

Цивил ги додели наградите за фотографии и видео стории

Граѓанската организација Цивил денеска додели пет награди за најуспешни фото и видео стории на граѓански новинари, кои зборуваат за злоупотреби, кршење на човековите и работничките права, социјална неправда, пречекорувања на овластувањата и негрижата на институциите.
Победник во овој циклус награди е сторијата на граѓанскиот новинар Вулнет Махмути, кој бил задржан и лишен од слобода за снимање на мирниот протест на членовите на Левица во Скопје.
Сторијата за градинката „Пчела“ во Чаир, што вршела религиозна индоктринација врз мали дечиња, потпишана од анонимен граѓански новинар, е второ наградена.
Третата награда е за сторијата „Спортската сала во Крушево две години без брава и искршени прозорци“ на Сотир Габриловски од Крушево. Само една недела по објавувањето на фотографиите, општината Крушево ги заменила вратите и ја реновирала салата.
Сториите „Портокалова фаза: Работниците на терен, инспекциите не можат да постигнат“ на Дамјан Темков од Скопје и „Комунално претпријатие во Охрид исфрла кучиња во депонија“на Климент Арнаудов од Охрид се четврто наградени.
Прилозите од граѓански новинари се наградени со вредносни ваучери.
За значењето на граѓанското новинарство зборуваше Џабир Дерала од Цивил, кој посочи дека станува збор за прилози кои имаат треперливи и неквалитетни снимки, но содржат факти.

– Граѓанските новинари и новинарки беа првите што известуваа за протестите, демонстрациите и полициската бруталност. Со своите телефони беа на првите линии на вистината, на фактите во време кога медиумите на национално и локално ниво беа слепи и глуви за десетиците илјади граѓани и граѓанки. Тие се оние кои ја отворија приказната и ја претставија пред јавноста – изјави Дерала.

Посочи дека прилозите објавени од Цивил медиа во соработка со граѓанските новинарки и новинари не се борат за влијание во медиумскиот простор, туку за влијание во општествениот простор и врз институциите.

Наградите се во рамки на проектот „Граѓански објектив“ што Цивил го спроведува веќе две години и досега се доделени вкупно 70 награди. Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој им отвора можност на граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*