Home / Uncategorized / ЦИВИЛ бара од институциите да реагираат на повиците за екстремно насилство

ЦИВИЛ бара од институциите да реагираат на повиците за екстремно насилство

Цивил– Центар за слобода се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. Постојаните повици за екстремно насилство од одредени групи се последица од воспоставената неказнивост од минатата власт, но и неказнивоста што продолжи и по падот на режимот.

Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи. Многубројни се примерите на пораки во социјалните мрежи, медиумите и графитите, како и на одредени протести во кои доминираат екстремистички ставови и повици на екстремно насилство.

Само еден од многубројните, секојдневни изливи на омраза и повици на насилство е и пораката до навивачките групи да се „мобилизираат“. „Со палки, пиротехника, шипки, молотови коктели да се пресметаме со шиптарско-северџанската полиција, да ги здробиме од ќотек, па после ќе видиме како што, дали насилен упад или нешто порадикално.“ Овој речник не е изолиран инцидент, туку е тренд во јавната комуникација на радикалните структури во Република Македонија.

Цивил најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите веднаш и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство. Бараме од институциите да реагираат остро, решително и ефикасно, а на одговорност да ги земат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава, се вели во соопштението испратено до нашата редакција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*