Собранието на денешната седница го разреши досегашниот генерален секретар на Собранието, Жарко Денковски,а на негово место ја назначи Цветанка Иванова, поранешна пратеничка од СДСМ.
Иванова ќе има улога да ја организира работата на собраниските служби и да му помага на претседателот на Собранието, Талат Џафери во подготовките и организацијата на седниците.
Иванова е дипломиран правник како и поранешен координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието.