Тепачката која завршила фатално по животот на 31-годишниот Македонецот се случила пред македонскиот ресторан “Корзо Грил” во сопственост на Џим и Јасмина Рибаровски.
Според медиумите, несреќниот настан се случил во раните утрински часови во саботата изутрина откако една непоканета група се обидела да влезе на забавата. Нема информации дека групата пристигнала вооружена, а полицијата смета дека напаѓачот користел нож земен од ресторанот.
Димовски починал веднаш откако бил пренесен во болница.
Дени Димовски кој беше избоден до смрт во тепачка во ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, по потекло e од Битола.