Унијата на млади сили од Битола денес одржа панел дискусија во старата сала на Советот на општината.
На истата збор зедоа претходните претседатели на УМС-Битола Илче Димовски, Пеце Милевски, Јовица Богоев, актуелниот претседател на УМС-Битола Бојан Димовски и претседателот на ОК Битола Борче Димитровски.
На панел дискусијата присуствуваа 250-300 членови на младината на владејачката партија.
Настанот се водеше под мотото „Младите на потег“. Се дискутираше за позитивните политики на Владата кои ги тангираат младите лица.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
