Државниот универзитет во Охајо е затворен поради престрелка во кампусот, односно поради присуството на вооружен напаѓач, јавија американските медиуми.
Полицијата апелира до населението да ја избегнува областа околу Универзитетот, а на присутните таму, да „бегаат, да се кријат и да се борат“, против напаѓачот.
Престрелката наводно се случила во универзитетската библиотека, а најмалку осум лица се повредени, според тврдењата на очевидци.
Непотврдени се информациите дека напаѓачот е застрелан.