Советниците на денешната седница го усвоија ребалансот на општинскиот буџет за оваа 2014 година. За советниците од владејачкото мнозинство, продолжуваат да се одделуваат средства за подобрување на инфраструктурата во градот и со овој ребаланс.
-Ако се реализира ребалансот на буџетот и се погледне приходната страна на буџетот ќе се види дека направени се помали интервенции во одредени програми со исклучок на ставката, надоместок за уредување на градежно земјиште и ставката за продажба на земјиште бидејќи до крајот на годината остануваат уште три месеци не може да се очекува реализација во тој износ. Во капиталните расходи кои се однесуваат на реконструкција на патишта има зголемување за 10 мил. денари а реконструкција на спортската сала зголемување за 5 мил. денари. Со ребалансот се намалуваат расходите за репрезентации и други оперативни трошоци и ставката за привремени вработувања- посочи советничката Соња Карапашовска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
За Наташа Петровска, координатор на советничката група на СДСМ, со ребалансот се намалуваат средства во ставки во буџетот кои се однесуваат за капитални инвестиции.
-Се потврдува она на што укажувавме кога се усвојуваше буџетот за 2014 година. Дека истиот е нереален, не ја содржи развојната компонентна и не ги задоволува потребите на граѓените- истакна советничката од СДСМ, Наташа Петровска.
Б.В.