Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја прими македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска Типко.
Средбата ќе се одржи во 11 часот, пренесува Танјуг.
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев и српскиот претседател Вучиќ денеска телефонски разговараа по повлекувањето на српскиот персонал од Амбасадата во Скопје.
Македонија и Србија ќе работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување во меѓусебните односи ќе го решаваат исклучиво со дијалог, договориле Заев и Вучиќ во денешниот телефонски разговор за новонастанатата состојба во односите меѓу Скопје и Белград.
Како што се наведува во заедничкото соопштение, тие се согласиле дека Република Македонија и Република Србија, без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските