По повеќемесечни активности, деновиве, конечно, завршија активностите за реконструкција на Зоолошката градина во Битола.
Свеченото отворање на реконструираната Зоолошка градина, која доби целосно нов лик, ќе биде в сабота, со почеток во 11 часот, кога ќе се одржи голем музички хепенинг, на кој ќе настапат познати музички ѕвезди: Ламбе Алабаковски, Бојан Стојков, групата “Паркети“, младите музички ѕвезди на “Тра-ла-ла” и танцовата група “Степ“.
Зоолошката градина во Битола е реконструирана со средства од Европската унија, кои се обезбедени во рамките на проектот за преку-гранична соработка од ИПА програмата, со соседниот град Лерин.
Вкупната инвестиција за модернизација на ЗОО Битола изнесува над 400.000 евра.
Со овие средства реконструирани се 6 живеалишта за животните, а целосно се изградени новата порта во Зоолошката градина и билетарницата.
Влезот за отворањето е бесплатен.
Б.В.