Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ ги истакнаа првите 5 кандидати за градоначалници. Талески на листата на чекање

ВМРО ДПМНЕ ги истакнаа првите 5 кандидати за градоначалници. Талески на листата на чекање

ВМРО-ДПМНЕ денеска обелодени пет кандидати со кои ќе се „трка“ на локалните избори во октомври.

Се работи за Марјан Бајрактаров орален хирург за Струмица, за Петровец Борче Митревски, Славчо Чадиев за Велес, Тони Затковски за Кривогаштани и Зоран Ѓорѓиевски за Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема победа, велат од партијата.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници: За Струмица Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитуван граѓанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, член на општинскиот комитет и на ЦК, за Петровец Борче Митревски – актуелен градоначалник, Славчо Чадиев за Велес актуелен градоначник, за Кривогаштани Тони Затковски актуелен градоначалник и за Куманово Зоран Ѓорѓиевски хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ“- изјави на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека изборот на кандидати за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот.

Иако се шпекулираше дека во првите кандидати ќе биде и битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој најави дека ќе трча за четвртиот мандат да ги дозавршел проектите, неговото име овој пат изостана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*