На претстојните предвремени парламентарни избори, опозиционата ВМРО ДОПМНЕ Битола на добитните места ќе излезе со кандидатките Силвана Ангелевска, инаку член на ИК и Олга Лознаовска, советник во Советот на општината Битола, дознава Битолски весник.
Според информации на Битолски весник тие се на добитните места.
Нивните кандидатури ќе бидат утврдени на утрешната седница на Централниот комитет на партијата.