Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: Заев марионета на странски служби

ВМРО-ДПМНЕ: Заев марионета на странски служби

Во врска со прес- конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со реакција се јави ВМРО ДПМНЕ.

-Со денешната и најавените прес-конференции од ваков тип, Зоран Заев со несериозен и неодговорен однос, прифаќајќи да биде инструмент и марионета на странски служби, очигледно со задоволство продолжува да биде дел од креирано сценарио кое е во интерес на трета страна, која не и’ сака добро на Македонија”, реагираше владејачката партија по објавувањето на првите детали од т.н. политичка бомба на опозицијата.

 
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев започнал со реализација на објавувањето разни материјали за кои и самиот го известил премиерот Груевски дека се прибавени во соработка со странски служби.

 

-Токму за тој случај, започната е и постапка против него, а дел од осомничените веќе имаат и признание дека работеле за пари и за странски служби”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Заев ако постојат какви било материјали, за кои се тврди дека упатуваат на евентуално противзаконско постапување на кое било лице, да ги достави до надлежните институции за понатамошно постапување и правна завршница во транспарентна и законска процедура.
Сценариото, според ВМРО- ДПМНЕ нема да им помине и за сето ова институциите во рамките на своите законски и уставни надлежности треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, како и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио.
-Заев само продолжува да тоне и полн со контрадикторности и небулози, сака да направи цела македонска јавност, вклучително и неговите сопартијци, да се држат во заложништво и јавноста да биде под уцена и да биде дефокусирана од реалните теми и потреби на граѓаните.” возврати ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*