Home / Uncategorized / ВМРО закажа,па откажа, па повторно закажа митинг

ВМРО закажа,па откажа, па повторно закажа митинг

ВМРО-ДПМНЕ го откажа протестот што го најавуваше за вечерва поради ослободувањето на Едмонд Темелко од притвор од затворот во Шуто Оризари и неговото префрлување во домашен притвор.

– Продолжува борбата за слобода на заробената држава Македонија во која што царува мафијата, во која што луѓе секојдневно се убиваат, во која што цели бизниси се рекетираат, во која што автомобилите секојдневно се палат. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ најавува граѓански протест за правда и правдини кој што ќе се одржи на 3-ти декември во недела во 18 часот. Идниот викенд дојдете во Скопје да се протестира за правда, да се протестира за праведност, да се протестира за човекови права, да се протестира и да се крене глас дека Македонија нема да биде заробена држава, туку Македонија ќе биде слободна држава – порача Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција.

Ѓорчев кажа и оти со новата влада ситуацијата во Македонија се вратила 1995 кога секој ден имало убиства, запалени автомобили, грабежи и време кога царувала мафијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*