Деновиве голем број битолчани се пожалија во дописништвото на Нова Македонија дека во Подрачното одделение за матични книги нема Изводи од матичната книга на родени.
Таквата информација денеска ни ја потврдија и од Подрачното министерство, каде ни рекоа дека веќе неколку дена немаат Изводи за матичната книга на родени што создава не само револт и негодување кај граѓаните, туку и нервоза кај вработените бидејќи тие никако не можат да им објаснат на странките зошто нема Изводи и кога тие ќе пристигнат.
Поради недостигот на Изводи од матичната книга на родени голем број битолчани, како и иселеници, кои деновиве се дојдени од странство во Битола не можат да извадат Изводи без кои не можат да ги извадат другите потребни документи, како пасоши, лични карти, а и да го остварат правото на пензија.
Кога ќе пристигнат Изводите во Подрачното министерство денеска од вработените никој не можеше да ни каже.