Don't Miss
Home / Uncategorized / Во Битола одбележан Светскиот ден на Ромите

Во Битола одбележан Светскиот ден на Ромите

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски”-Битола и ромските невладини организации „Сумнал” и „Баирска Светлина”, заеднички го одбележаа осми април,   Меѓународниот ден на Ромите.

romi 2

Фатма Бајрам- Аземовска, претставник на  одделението за популаризација на книгата во НУУБ „Св.Климент Охридски”-Битола нагласи дека одбележувањето на Светскиот ден на Ромите претставува можност да се потсетиме на историскиот развој на борбата за остварување на правата на Ромите на меѓународно ниво, но и да ја пресликаме рефлексијатана статусот и состојбата на Ромите во Република Македонија.

-Денес ги промовираме новите вредност на генерацијата млади Роми кои даваат значителен придонес во развојот на македонското современо општество. На денот на празникот одлучивме да доделиме бесплатни ваучери на децата кои го посетуваат Центарот за ран детски развој „Сумнал”-Битола, како и на децата од градинката „Естреја Овадија Мара” кои вклучени во проектот „Инклузија на деца Роми во јавните предучилишни установи”. За учесниците на денешниот настан презентиравме избрана поезија испеана и посвете на Ромите од светски познатите Тагоре, Лорка и Папуша, посочи Бајрам Аземовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*