Со оглед на тоа што се работи за голем дефект на далноводот, кој испадна од електричната мрежа, при што речиси половина Битола остана без струја, никој во ЕВН не знае кога ќе биде поправен дефектот.
-Нашите интервентни служби се на терен и работаат на отстранување на дефектот. Бидејќи се работи за дефект на далновод, каде е опасно да се работи, дури откако екипите ќе го отстранат дефектот ќе можеме да кажеме кога Битола повторно ќе биде вклучена во електричната мрежа, велат во ЕВН.
Инаку од пред неколку часа речиси половина Битола е без електрична енергија. Без струја останаа во најголем дел централното градско подрачје, Широк Сокак, банките, Основниот и Апелциониот суд, како и локалната самоуправа.
Б.В.