Don't Miss
Home / Uncategorized / Во “Црвен крст“ нема криминал, таму царува непотизам

Во “Црвен крст“ нема криминал, таму царува непотизам

Остро демантирајќи ги наводите во кривичната пријава која СВР Битола ја поднесе против сега веќе екс-секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Битола, за наводна злоупотреба на службената положба за 2.100 евра, на денешната прес- конференција, презентирајќи писмени докази, Никола Христовски нагласи дека во неговиот случај нема никаков криминал и дека со парите собрани од волонтерите е платен превозот на фирмата “Џемс Турс”.
-Во општинската организација на Црвениот крст Битола, нема никаков криминал. Но во оваа организација царува непотизмот на претседателката на организацијата Дијана Димитровска си го вработи својот син, рече Христовски и додаде дека тој кој се спротиставил на таквата појава е нелегитимно сменет од функцијата и дека за таквата смена тој има поведно судски спор. Во Црвениот крст во Македонија царува непотизам, каде сите членови на најтесното републичко раководство си ги вработуваат во општинските ораганизации своите најблиски. Воедно и покрај тоа што не е предвидено ни со Статутот, ни со другите акти во Црвениот крст секретарот на Републичкиот Црвен крст Саит Саити на голема врата го воведе албанскиот јазик како службен.
На таквите негови постапки јас остро се спротиставив и токму тоа нему му сметаше, па затоа со асистенција на некои членови на Извршниот одбор на Општинската организација, потпомогнати од претседателката Дијана Димитровска направија пуч и нестатутарно и незаконски ме сменија од секретарската функција, нагласи Христовски.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*