Home / Вести / Вонредната седница на Советот закажана за понеделник

Вонредната седница на Советот закажана за понеделник

                     

Вонредната седница на Советот на општината Битола, на која треба д се донесе одлука за доделување донација на општинатата  за опремување лабораторијата во Центарот за јавно здравје Битола ќе се одржи понеделник на 11 мај.

Ова ни го потврди претседателот на Советот на општната Битола,  Валентин Груевски, според кој  седницата ќе се одржи он лајн.

Инаку на седницата  треба да се донесе одлука за доделување донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, потребни за адаптација и доопремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19 во висина од 600.000 денари.

Со  адаптацијата и опремувањето на микробиолошката лабораторија, ќе се овозможи тестирање за детекција на присуство на корона вирусот во молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола, со што би биле задоволени потребите на општината и Југозападниот регион.

На овој начин би се добило побрзо тестирање од досегашното, бидејќи сите тестови  досега се работеа  во Скопје,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*