Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.
Рускоска вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud. Инаку за овој телефон, синот на обвинителката Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, но потоа тој беше пронајден во Македонија, кај неговата девојка.
Обвинителството засега не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.