Home / Uncategorized / За најдобрите идеи на граѓаните 20.000 евра

За најдобрите идеи на граѓаните 20.000 евра

На транспарентноста посветивме и едно цело поглавје во нашата Програма, со конкретни проекти со кои ќе ја интензивираме комуникацијата со секој граѓанин, со урбаните заедници , со бизнис заедницата, малостопанствениците, граѓанскиот сектор , со сите различни и специфични целни групи .

Ќе ги интензивираме средбите со граѓани преку проширување на отворените денови за идеи четири пати годишно . Граѓаните ќе можат да ги пријавуваат проблемите и по електронски пат.

На пријавите веднаш ќе реагира посебна меѓусекторска комисија од општинската администрација, која постојано ќе работи на терен.

Во рамките на оваа кампањата за прв пат ќе почнеме и една практика за директно и активно вклучување на секој граѓанин во управувањето со Општината – Натпревар на идеи , во кој победникот ќе добие и можност и буџет од 20.000 евра за идејата, рамноправно со градоначалникот, партнерски да учествува во реализацијата на својот сопствен проект.

Натпреварот кој го почнуваме сега во текот на кампањата, ќе стане традиционална практика преку која секоја година на почетокот на октомври  граѓаните ќе имаат можност директно да предлагаат проекти во Буџетот на Општината за следната година.

Авторот на идејата која ќе победи, ќе има можност да биде ангажиран како директен соработник на градоначалникот во реализација на истата.

На овој начин ќе поттикнеме проактивност, развој на преприемачкиот дух кај младите и поголема блискост меѓу граѓаните и општината. Право на учество во натпреварот на идеи има секој пололетен  жител на Битола. Предложената идеја треба да е:

  • остварлива во период од 6 месеци,
  • да се реалзира со постоечките кадровски капацитети на општинската администрација
  • буџетот за почетно остварување на идејата да не е поголем од200.000 денари

Секоја идеја треба да има јасен наслов и краток опис со поважни детали, неопходни ресурси, буџет и рокови.

Секоја идеја ќе биде јавно објавени на Фан Страницата на градоначалникот на социјалната мрежа Фејсбук, а ќе победи идејата која ќе добие најмногу допаѓања (лајкови) од граѓаните.

Три дена пред завршувањето на натпреварот ќе биде објавена листа од пет најдобри и најиздржани идеи  кои ќе влезат во најтесна конкуренција.

Идејата со најмногу лајкови ќе биде јавно објавена на фан страната, а нејзиниот автор ќе има средба со градоначалникот на која заеднички ќе го договорат начинот на реализација.

Авторот на идејата за време на нејзината реализација ќе има улога на партнер-советник на градоначалникот. Реализацијата на идејата започнува следната календарска година во јануари.

Идејата на секој битолчанец е важна. Битола е на сите, истакна на прес конференцијата кандидатот за градоначалник на Битола, Зоран Илиоски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*