Home / Спорт / „ЗА НЕД ДО“ освои 51 медал на Светскиот фестивал на боречки вештини

„ЗА НЕД ДО“ освои 51 медал на Светскиот фестивал на боречки вештини

Вкупно 51 медал освоија преставниците на Македонија на 10-иот по ред Светски фестивал на боречки вештини што се одржа во Сер, Грција.

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини и градоначалникот на општина Сер во периодот од 21 – 22 мај 2016 учествуваше на 10-тиот „Светски фестивал на боречките вештини“ каде за прв пат настапи и тим кој ја претставуваше Република Македонија.

На 10-тиот „Светски фестивал на боречките вештини“ учество зедоа над 30 држави со свои претставници, додека македонскиот тим беше составен од 36 члена од кои 33 јуниори и 3 сениори.

Комплетниот состав на македонската делегација од 56 лица ја предводеше основачот на Академијата „ЗА НЕД ДО“ и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим беше трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.

За викенд програмата организаторот понуди прилично обемна и сложена агенда на борби и демонстрации при што често се случуваше да настапуваат истовремено и борци и натпреварувачи од нашиот тим, предизвик повеќе кој требаше да се совлада.

1medali-borecki-vestini-768x451-640x376

-Ние денес полега го заокруживме нашето, воедно и прво учество, на јубилејниот 10-ти „Светски фестивал на боречките вештини” и сметам дека и овој пат се надминати сите очекувања. И наши како стручен тим но и на натпреварувачите. Македонија и Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ со својот тим од 36 натпреварувачи освои вкупно 51 медал. Ние сме неприкосновено апсолутен победник на целиот настан. Нашиот збир од последните три години од учеството на светските првенства е 57 титули што не е компатибилна категорија но ете и таа бројка ја надминуваме. Она што мене ме радува е што повторно покажавме колку квалитет имаат нашите натпреварувачи и дека кај нас квалитетот и квантитетот одат прогресивно нагоре. Воедно би сакал да им се заблагодарам на домаќините кои уште една покажаа дека спортот не познава политика, изјави Златко Неделковски шеф на македонската делегација.

-Јас бев на светското првенство во Атина 2013 година кога и за прв пат ја освоив титулата Светски шампион. Организацијата на овој фестивал во Сер е скоро на исто ниво. Нашите натпреварувачи покажаа завидно ниво на професионалност и квалитет иако во основа добар дел од нив се јуниори. Дотолку повеќе што ние ја искоренивме предрасудата дека овој голем настан ќе се одржи во соседна Грција. Нашите колеги не прифатија прво како другари а потоа и како атракција. Во ниту еден момент не се почустувавме како туѓинци. Иако мислам дека толку многу интонирање на Македонската химна ретко кога ако и воопшто се случило во историјата на Македонскиот спорт. Сега сите ја знаат таа нумера. Се враќаме задоволни за постигнатиот успех. Но тука не престануваме . Октомври ни е Светкото првенство за 2016 година и мора да започнеме со подготовките за него. Ние не мируваме, изјави Дијана Неделковска – главен тренер на македонскиот тим и триктатен светски првак во екстремна самоодбрана.

 

Македонскиот тим се натпреваруваше во борби од контактните спортови и демонстрации на самоодбрана и демонстрации во музички форми со традиционално оружје.

22 први места – златни медали

25 втори места – сребрени медали

4 трети места – бронзени медали

Ова е резултатот кој Академијата “ЗА НЕД ДО” и го носи на Македонија од 10-тиот “Светски фестивал на боречките вештини” 21-22 мај 2016 година – Сер – Република Грција.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*