Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев: Ако Пендаровски изгуби одиме на избори

Заев: Ако Пендаровски изгуби одиме на избори

Ако не победи кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски, спремен сум да разговарам со опозицијата за предвремени парламентарни избори, рече премиерот, Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5.

-Тоа би и дало кредибилитет на опозицијата да повика на избори. Јас кажувам јасно и гласно, прифаќам предвремени парламентарни избори ако побара опозицијата доколку Пендаровкси изгуби. Така треба и Мицкоски да каже јасно и гласно дали ќе си поднесе оставка ако изгуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.

Мицкоски на тоа рече дека е избран за претседател на партијата на конгрес и дека има мандат од четири години.

-Мицкоски ќе ве победи на следните парламентарни избори, ако си останете на зборот – додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*