Don't Miss
Home / Политика / Заев: “Бомбите“ нема да ја дестабилизираат Македонија

Заев: “Бомбите“ нема да ја дестабилизираат Македонија

-Вечерва во Битола ќе направиме рекапитулација на тоа што од почетокот кога почнавме да ги објавуваме “ бомбите” сме направиле досега. Во изминатиот период докажавме дека повеќе до 25.000 граѓани на Република Македонија се прислушкувани. Од прислушкуваните граѓани најголемиот процент, над 70 отсто, е прислушкувана опозицијата, потоа медиумите, бизнисмените, новинарите, МАНУ, верските заедници и други, кои не се истомисленици со власта, над 25 проценти се приврзаници и високи преставници на власта, а 5 отсто од прислушкуваните се луѓе за кои знаеме само Заев, Мијалков и Груевски. Во изминатиот период видовме дека во правосудството зошто било мачно да се дојде до правда и правичност, какви избори ни се случувале и како тоа Груевски се фалеше дека народот стоел зад него.

sdsm 3

Ја видовме алчноста на Груевски за грабење на имоти и парцели, финансиски криминали од невидени размери, за лажно патриотство, лустрации, како се ништи една огромна инвестиција како што беше објектот “Космос” на Фијат Цановски. Од досегашните емитувани записи видовме како имаме финансиски уништена економија и руиниран буџет. Токму затоа од Битола сакам да го запрашам Груевски што од сето тоа што досега е објавено е точно, што е делумно точно, а што е неточно.

Ова го истакна на вечерашниот митинг во Битола, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој притоа нагласи дека граѓаните на Македонија нема да дозволат да бидат бојадисувани како велигденски јајца и дека помина времето на лаги и манипулации во Македонија.

На митингот во Битола Заев истакна дека иако власта и Груевски се обидува да ја обвини опозицијата дека со презентирањето на аудио- снимките сака да ја дестаблизира државата, сепак до дестабилизација не може да дојде, бидејќи граѓаните се тие кои ја штитат Република Македонија и дека народот во Македонија без разлика на етничката припадност никогаш не бил толку единствен како сега.
Заев во својот говор нагласи дека “ бомбите “ веќе дадоа одредени резултати бидејки по секоја фрлена” бомба” премиерот Никола Груевски остапувал од своите ставови и ги повлекувал некои законски решенија, а за да ја спаси својата кожа ветувал покачување на плати и разни инвестиции.

“Бомбите” позитивно ќе влијаат и надвор од границите на Република Македонија, бидејќи никоја политичка гарнитура во било која земја во иднина нема да се осуди да владее на незаконит и криминален начин како што тоа го прави оваа Влада, рече Заев.

На митингот во Битола, Заев нагласи дека со емитување на новите аудио снимки опозицијата ќе продолжи по Велигденските празници.

Инаку покрај лидерот на опозицијата Зоран Заев свое обраќање до присутните имаа пратеничката Јилијана Силјановска, претседателот на ЛДП на Македонија, Горан Милевски и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*